Од денеска па наредните десет дена се до 7 август целосно ќе биде затворен за сообраќај регионалниот патен правец преку планината Галичица, поради изведување градежни активности за реконструкција на коловозот.
Патниот правец Р 2332 од селото Царина во преспанско се до спојот со регионалниот пат Р 1301 Охрид – Свети Наум со години наназад е затворен за сообраќај во зимскиот период од октомври до март.