Почина денеска заменик игуменот на Светиот Вааламски манастир во Русија, отец Методиј, тажната вест ја соопштија блиски до отецот.
Отец Методиј пред два дена бил хоспитализиран поради влошена здравствена состојба предизвикана од корона вирусот. Отец Методиј бил еден од најпочитуваните свештеници во Светиот Вааламски манастир и кај него често на гости одело и семејството на Путин.
Инаку отец Методиј е по потекло од Македонија поточно Скопје. Неговото вистинско име е Венко Петров роден на 16 февруари 1961 година во скопското село Бањане во православно семејство.
Во 1985 година завршил факултет во Скопје, добивајќи назив градежен инженер. Во 1991 година, го избрал монашкиот пат. Најпрвин заминал во Грција, на Света Гора, и таму добил благослов од многу почитуван старец, архимандрит Георгиј (Капсанис).
Но, на почетокот на 1990-те години, политичките односи меѓу Грција и тукушто осамостоената Македонија се нарушуваат, и отец Георгиј го благословил да живее на подворјето на Светогорскиот манастир, па Венко решил дека е подобро да ја напушти Грција.
Архимандрит Георгиј го сфатил тој чекор и го посоветувал да замине во Русија, каде што Венко никогаш претходно не бил, а не го знаел ни рускиот јазик. Во 1992 година на 21 август, на празникот на свети Сергиј Радоњежски, Матодиј пристигнал во Сергиев Посад, лавра, каде што бил поканет од Архимандрит Кирил (Павлов).
Во лаврата Методиј станал почетник и живеел таму шест месеци. Таму бил забележан од економистот на Лаврата Панкрати, па тие станале пријатели. По некое време Метоодиј повторно тргнал да оди за Света Гора. Во Валаамскиот манастир пристигнал на 6 февруари 1993 година.