Можете да ги искористите и во секојдневна ситуација: Ментални трикови кои на олимпијците им носи победа! – ММС
ММС

Објавено на: 07/22/21 5:24 PM

Можете да ги искористите и во секојдневна ситуација: Ментални трикови кои на олимпијците им носи победа!

Токму кога ќе помислите дека Новак Ѓоковиќ е на минута до поразот, тој Прави пресврт на мечот и недолго подоцна стои со трофејот во рака, додека неговиот противник е збунет од завршениот натпревар.

Покрај тоа што е најдобар во историјата на овој спорт, неговата тајна не е само во тренингот,  туку и во неговата ментална подготовка и сила.

Некогашниот освојувач на олимпискиот медал Брус Џенер, кој денес го знаеме како Кајтлин Џенер, своевремено истакнал дека физичкиот дел е само половина од неопходното да се дојде до среќен исход.

– Морате да го тренирате умот како што го тренирате телото, објаснил тој.

Кои се  техниките без кои ни најдобрите не би биле тоа што се?

Техника која вклучува употреба на имагинација, односно замислување на крајниот резултат, честопати се одвива несвесно. Сепак, некои спортисти веруваат дека кога намерно ќе се фокусираме на замислување среќен исход, можеме полесно да го достигнеме. Српскиот тенисер   Новак Ѓоковиќ е меѓу нив.

– Мислам дека визуелизацијата е дел од животот на секој од нас, не само на спортистите, и јас силно верувам во тоа. Верувам дека постои закон за привлекување – ви се случуваат работите што ги произведувате во вашиот ум. Животот работи на тој начин – еднаш изјавил тенисерот за Њујорк тајмс.

Медитација

Пред визуелизациите, Ѓоковиќ честопати применува медитација, како и голем број врвни спортисти. Меѓу нив е и американскиот сноубордер Џејми Андерсон, кој може да се пофали дека освои две златни медали на Олимписките игри.

– Мојот тренинг е прилично благ. За мене е поважно е одржувањето здрав и активен животен стил. Тоа дефинитивно значи многу јога, а клучот е – медитација! – рекол Андерсон во една прилика.

Соочување с невидлив противник

Српската атлетичарка Ивана Шпановиќ, која се натпреварува во скок во далечина, е една од најголемите надежи на претстојните Олимписки игри. Како успева таа да биде секогаш толку експлозивна и фокусирана?

– Најмногу се борам против себе. Се обидувам да разбудам во себе некој „момент“ што може да ме одведе таму каде што не бев – објасни таа.

 

Извор: Курир.рс