На крајот од својот мандат како градоначалник на Општината Делчево, Горан Трајковски зборувајќи за градоначалнничката функција вели дека е достоинствена, но и многу обврзувачка. Тоа подразбира дека мора да се работи морално и етиички, со цел да се решат најголем дел од проблемите на граѓаните, но и да се создат нови содржини.
-Народот не избрал да ги реашваме проблемите и мандатот за тоа да биде искористен, вели Трајковски во интервју за ммс.мк.
Трајковски е математичар по професија, кој на чело на општината дојде на Локалните избори во октомври 2017 година. Фунционирањето на локалната власт му е позната и преку работењето во Советот на општината Делчево како опозицинер во советничката група на СДСМ во периодот 2013 – 2017 година. Со одлука на неговата партија, ќе биде нов кандидат на претстојните Локални избори, откако се најде во првиот круг на избрани кандидати за градоначалници на СДСМ.
-Ќе бидам пресреќен ако можеме уште толку капитални проекти да реализирме, како и во овој мандат. Верувам дека СДСМ ќе победи во првиот круг и посакувам програмата да биде остварена со уште поголем процент од сегашната, која е со реализиација од 80%, изјави Трајковски.
Зборувајќи за изминатите речиси четири години, градоначалникот Трајковски го истанува фактот дека е создадена клима за работа на повратниците од странство, кои и преку државните мерки успеале да почнат свои бизниси во Делчево.
-Со овие мали семејни бизниси можат да ја раздвижат локалната економија. По овој период ќе може да ги прошируваат бизнисите со нови вработувања. Битна е перцепцијата на граѓаните дека ги имаат условите исто како и во европските земји, вели Трајковски.
Тој позитивен економски импулс се должи и на блиската соработка со соседна Бугарија, од чија граница Делчево го делат само десет километри. По долгиот пандемичен период, со отворањето на границите почна раздвижување, а бугарските граѓани често доаѓаат во саботите во редовните набавки. Впрочем, во таа функција е и една од капиталните инвестиции во Делчево, а тоа е новиот Зелен пазар, кој е во изградба.
-По ветото од Бугарија, како општина, ние немаме проблем со бугарските граѓани, кои често доаѓаат во Делчево. Нивното доаѓањ ја раздвижува локалната економија. Нема празен простор за продажба, а живеаат и локалните бизниси. Верувам дека политиката ќе изнајде решение за проблемот и наскоро ќе го продолжиме нашиот пат кон ЕУ, смета Трајковски.
Делчевскиот граодначалник ја истакнува одличната соработка и поддрѓката од централната власт преку средствата добиени од министерствата и агенциите за реализација на поректите кои ги решаваат потребите и и приоритети на граѓаните.
-Сумите се бројат во милиони евра што значајно за едно гратче како Делчево. Ние моравме да се зафатиме во костец со комуналните проблеми на граѓаните, кои во 21 век немаа неопходни услови. Незамисливо е во 21 век, но тоа беше рално, оставено по 8 години владеење на ВМРО ДПМНЕ ние да градиме водовод или фекална канлизација. Непоимливо е земја која сака да стане членка на ЕУ да нема решено основни услови, вели Трајковски и истакнува дека во изминатите 3,5 години се изградени над пет километри атмосферска канализација, над шест километри фекална канализација, пет километри водоводна мрежа, над 20 км улици и патишта, над 30 км регионални патишта.
-Тоа се тие реални услови што им овозможуваат услови на граѓаните да остнаат овде. Сето тоа е реалиозирано за три години. За краток период решивме многу проблеми на граѓаните, кои не беа решени 20-тина година, изјави Горан Трајковски во интервју за ММС.
Во следниот период се очекува нов инпулс да даде најавената децентрализација. Пред Делчево е усвојувањето на новиот Генерален урабнистички план (ГУП) кој, според градоначалникот, ќе го даде идниот развој на Делчево. ГУП-от бил усвоен во минагтиот век, во 1984 година.
Пораката на Горан Трајковски до граѓаните на Делчево е да изберат градоначалник чиј приоритет е решавање на граѓанските проблеми, да се избере кандидат кој ќе го направи градот уште поубав.