Готови лични документи ќе се издаваат за време на претстојниот викенд, во објектот во Македонската Радио Телевизија и пунктовите Беко, Драчево, Бутел и Ѓорче Петров во информира Одделението за управни работи, при Министерство за внатрешни работи.
Со работно време од 08:00 до 16:00 часот, в сабота ќе се издаваат лични карти во објектот во Македонската Радио Телевизија и пунктовите Беко, Драчево, Бутел и Ѓорче Петров, додека в недела личните документи ќе можат да се подигнат само во објектот на МТВ од 08:00 до 16:00 часот.