Поради силни болки и гушење Јордан Камчев повторно однесен на Кардиологија – ММС
ММС

Објавено на: 07/21/21 7:06 PM

Поради силни болки и гушење Јордан Камчев повторно однесен на Кардиологија

Адвокатскиот тим  на Јордан Камчев испрати соопштение во кое се вели дека  бизнисменот повторно е однесен на Клиниката за кардиологија во Скопје. Тие велат дека при нивната посета на Камчев, тој се пожалил на силни болки, и гушење. Адвокатите откако изреагирале за неговтата здравствена состојба,  бил пренесен  на  Клиниката за кардиологија во Скопје и откако состојбата му се стабилизирала повторно бил вратен во затворот.

-Денеска, за време на редовната посета на КПУ затвор Скопје, г-динот Јордан Камчев повторно се пожали на своите бранители на влошена здравствена состојба. Во текот на вчерашната вечер Камчев во затворот имал гушење, голема главоболка и се чувствувал многу лошо, но во КПУ затворот во Скопје во моментот немало дежурен лекар за да го прегледа и интервенира па поради сериозноста на состојбата викната е брза помош, констатирано е зголемен крвен притисок и на г-динот Камчев му е дадена соодветна, моментална терапија.Утрово, и покрај примената терапија од брзата помош во текот на вчерашната вечер, Јордан Камчев повторно бил во лоша здравствена состојба и со возило на брзата помош е пренесен на Клиниката за кардиологија во Скопје, се вели во соопштението на андвокатскиот тим на Камчев

По реакција на лекарскиот тим на Клиниката за кардиологија во Скопје и по стабилизирање на состојбата на г-динот Камчев тој е вратен во КПУ затвор Скопје каде што ја издржува мерката притвор.

-Неколкупати како одбрана реагираме на сериозно влошената здравствена состојба на  Јордан Камчев, која што очигледно продолжува да се влошува поради непостоење на соодветни медицински и санитарни услови за третирање на неговата здравствена проблематика. Со фамилијарен историјат на кардиоваскуларни болести,  Камчев од својата 15та година прима соодветна терапија за оваа здравствена состојба, а пред само десетина дена поради влошување на состојбата тој пет дена беше хоспитализиран на Клиниката за кардиологија во Скопје, вели одбраната.

Сериозноста на здравствената состојба и ризикот кој постои по неговото здравје поради неможноста истата да биде соодветно третирана во затворот е докажана и од четири различни, релевантни медицински институции и со сета останата документација е уредно доставена до Судот.