„Кога се разведов, татко ми ме пречека со двоцевка“ – Животната приказна на Зорица Марковиќ – ММС
ММС

Објавено на: 07/21/21 4:17 PM

„Кога се разведов, татко ми ме пречека со двоцевка“ – Животната приказна на Зорица Марковиќ

Позната пејачака Зорица Марковиќ во поледно време беше во центар на вниманието поради учествата во реалните шоуа, а сега конечно ја отвори душата и откри детали од својот приватен живот.

– Е душо моја, мојот живот е за на платно. Не за слика, туку за кино, за големо платно. Да се сними филм, па луѓето да гледаат и да кажат: Ова не е можно! Родена сум и пораснав во едно село во Србија. Бевме стотина луѓе тогаш, многу деца… Во мојата куќа бевме петмина – тројца браќа, сестра и јас. Се сеќавам како за Божиќ станувавме во три наутро и одевме во црква да се помолиме на Бог, а снег до колена… Никој во селото немаше автомобил.Тешко време, но убаво… Еве се насмевнувам кога ќе се сетам.., рече пејачката.

Зорица била мажена за Милан, кој бил познат хармоникаш. но поради неговото неверство пејачката го оставила и се вратила во нејзиното родно место. Таму татко и ја пречекал со пушка.

-Кога се разведов, се вратив кај моите. Се сеќавам дека татко ми ме чекаше со двоцевка, бидејќи во тоа време беше срамота да се разведеш. Но, некако го надминаа тоа, ми помогнаа, но, за жал, Дејан тогаш му припаѓаше на неговиот татко. Од социјална гледна точка, сите ситници беа видени, каде работам, и каде живеам, и со кого и како, па детето му припаѓаше на таткото , откри Зорица Марковиќ.

Извор: Курир.рс