Во Обединетите Арапски Емирати има вистински дожд со помош на дронови и тоа на многу интересен начин.
Тие пуштаат дронови во облакот кој испушта електрично празнење и така успеваат да се разладат од горештините кои достигнуваат и до 50 степени, пишува Дејли Мејл.
Дождот кој е „направен“ со помош на дронови работи на следниот принцип: Електричен шок се испушта во облакот, потоа тој ги тера да се збијат сите заедно и на тој начин се произведува дождот.
Емиратите е една од најсувата земја на светот, па постои надеж дека оваа технологија да го зголеми дождот на годишно ниво.