После 50 години чекање Милвоки стигна до втората шампионска титула во НБА лигата. Во шестиот натпревар од финалната серија подобар во седум меча, „елените“ го совладаа Феникс Санс со 105:98 и со вкупни 4-2 станаа само петтиот тим во историјата на НБА кој стигнал до титулата, а губел со 0-2 на стартот од финалето.
Најдобриот играч на Милвоки, Гркот Јанис Антетокумпо постигна 50 поени и беше најзаслужен за славјето во Милвоки, а одличните партии му ја донесоа и наградата за најкорисен играч на финалната серија.
На прес-конференција после исцрпувачката финална серија, Јанис направи свое шоу со двата пехари во рацете. Откако го бакна шампионскиот трофеј, Јанис му се сврте на помалиот пехар за МВП и му рече:
“Don’t get jealous.”
Giannis talking to his Finals MVP trophy 😂
🎥 @SportsCenter pic.twitter.com/UTWrkiPSsa
— The Athletic (@TheAthletic) July 21, 2021
„Не биди љубоморен, ќе се дружиме ние двајца“, најавувајќи дека и следната сезона со Милвоки ќе атакува на втора титула во низа.
Антетокумпо реши да го послуша советот на покојната НБА-легенда Коби Брајант и да остане во градот Милвоки за да изгради околу себе шампионски тим.
Јанис го исполни предизвикот по само две години, а неговите игри беа наградени уште лани кога со Бакс го потпиша најбогатиот договор во историјата на НБА вреден 228,2 милиони долари.