На Богородица и Табановце се чека до 15 минути – ММС
ММС

Објавено на: 08/13/18 6:28 AM

На Богородица и Табановце се чека до 15 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е зголемен, одобено кон туристичките места и граничните премини.

На граничните премини Бопгородица и Табановце, за излез од Македонија се чека од 10 до 15 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги чекања за влез и за излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.