Како да го вратите сјајот на растенијата во домот? Потребно е само мајонез! – ММС
ММС

Објавено на: 07/20/21 7:59 PM

Како да го вратите сјајот на растенијата во домот? Потребно е само мајонез!

Сакате да бидете опкружени со зеленило и имате многу домашни растенија, но тие се „мрачни“ и без сјај?

Проверете го овој трик за да ги исчистите листовте на растенијата од прашина и да го вратите убавиот и здравиот сјај.

Доколку сакате да имате убави, здрави растенија во вашиот дом, пробајте го трикот со мајонез!

Го користат цвеќарниците за да ја истакнат убавината на растението .

Акумулацијата на прашина на растенијата не само што изгледа валкано, туку може да ги запуши и порите на растението и да ја спречи транспирацијата (процес на движење и испарување на водата низ растенијата). На растенијата им треба листовите да бидат чисти за да можат да уживаат и во сонцето!

И тука доаѓа време за мајонезот! Особено е ефективен кај растенијата со широки, мазни листови.

Ставете само малку мајонез на чиста крпа и избришете ги со неа листовите на растенијата. Не само што ќе имате прекрасни сјајни листови на растението, туку мајонезот ефикасно ќе ја отстрани насобраната прашина.

 

Извор и фото: 24.сата.рс