Кога ќе одлучиме да изгубиме на тежина, вагите полека влегуваат како важен момент во нашата рутина. Без оглед дали ќе одлучиме да ја мериме нашата состојба во килограми на дневна основа, да одредиме еден ден во неделата или можеби сакаме да го правиме тоа на секои 2-3 дена, но постои и можност да ги направиме нашите мерења сосема погрешни. Сигурно се прашувате, што може да тргне во погрешна насока кога ќе застанеме на вагата.
Еве како да одбегнете грешки:
Мерење навечер
По заоѓањето на сонцето, вашето тело е сè уште прилично зафатено со варењето на храната што ја јадете во текот на денот. Броевите на вагата можат да бидат поголеми отколку, на пример, наутро кога експертите сугерираат дека најдобро време е да се застане на вагата за најточен резултат. Ако го направите ова пред првиот оброк, бројките исто така може да бидат поттик за поздрав избор на храна во текот на денот, советуваат експертите.
Носете обична облека
Жените кои се мерат со облеката во која обично го поминуваат денот тежат во просек околу 1 кг повеќе од нивната вистинска тежина, покажува едно од истражувањата во 2012 година. Иако не изгледа многу, кога сме посветени на слабеење, дури и неколку грама можат да бидат стимулативни – или демотивирачки. Многу е важно да имате реална слика. Ако сте првородено дете, имате поголеми шанси да се здебелите. Сепак, има оправдание и за неколку вишок килограми!
Мерење по тренинг
Откако вложиле многу труд во теретана, многу жени сакаат да се „наградат“ со тоа што одат до вагата мислејќи дека бројките ќе ги расположат. Иако резултатите ќе бидат охрабрувачки, слабеењето на килограм или две може да се однесува само на изгубената вода, во зависност од тоа колку некој се поти. Стоењето на вагата следното утро може целосно да ја промени ситуацијата. Затоа експертите советуваат да се избегнуваат мерења веднаш по тренингот бидејќи може да биде демотивирачки за вас.