Силувана малолетничка во Скопје – Монструмот познат на родителите – ММС
ММС

Објавено на: 07/20/21 4:51 PM

Силувана малолетничка во Скопје – Монструмот познат на родителите

Скопјанка вчера во полициска станица пријавила силување врз нејзината малолетна ќерка, информираат од МВР.

-Вчера во 10.45 часот во Полициското одделение Петровец, 36-годишна жена од скопско село пријавила дека во текот на јули 2020 А.А., колега на нејзиниот сопруг, извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка. Како што е пријавено, пред еден месец тој повторно се обидел да изврши обљуба врз малолетничката, но родителите за овие настани дознале отпосле.Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од полицијата.