По повеќе од четири децении штипска Патологија добива нова апаратура – ММС
ММС

Објавено на: 07/20/21 2:40 PM

По повеќе од четири децении штипска Патологија добива нова апаратура

По повеќе од четири децении Одделението за патологија во штипската Клиничка болница, денеска доби нов, современ микро том, кој значително ќе помогне при цитолошките и хистолошки анализи на малигните заболувања.

Директорот на Клиничката Болница, Ален Георгијев, вели дека потребата за нов апарат се јавила поради растот на оперативните и дијагностички процедури на Клиниката. Тој најави и набавка на уште еден апарат за овој оддел, со што ќе се заокружи модернизацијата на Патологија.

Како што информираше началникот на одделот за Патологија, Слободан Рогач, новиот инструмент е единствен во источниот регион.

– Од 1976 не сме добиле нова апаратура овде на Патологија. Ова е многу значајно за нас бидејќи работата постојано ни се зголемува, а целиот источен регион доаѓа за патолошки анализи овде. Со овој инструмент се процесуира ткиво на дебелина од 0,4 милиметри, за да биде погодно за микроскопирање, рече Рогач и потенцира дека во последно време се зголемува процентот на луѓе со малигни болести, а во источниот регион овој број е зголемен за околу 10 отсто.

Новиот апарат чини околу 14.000 евра, а е купен со средства од буџетот на болницата.