Во одрон на земја загина работник во рудникот „Суводол“ – ММС
ММС

Објавено на: 07/20/21 12:58 PM

Во одрон на земја загина работник во рудникот „Суводол“

МВР информира дека ноќеска во рудникот „Суводол“ загинал работник

-На 20.07.2021 во 02.30 часот во СВР Битола било пријавено дека во рудникот „Суводол“, во одрон од земја, бил пронајден затрупан машинистот К.Т.(38) од Прилеп. Лекар од Итна медицинска помош Битола констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Битола. На местото на настанот биле Трудов инспектор и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција, соопштуваат од МВР.