Од денес, времето за пуштање музика во Албанија ќе биде продолжено во Албанија, а полицискиот час и понатаму ќе биде во сила од полноќ до шест часот наутро.
Од денес, баровите и кафулињата во Албанија имаат дозвола да пуштаат музика до 23 часот, наместо претходните 22 часот, а полицискиот час е сè уште во сила, објави денес Техничкиот комитет на експерти, кој одлучува за мерките против коронавирусот
Од 15 јуни, до 50 лица имаат дозвола да се собираат надвор, додека носењето маска во затворен простор е сè уште задолжително, пренесува порталот Albanian dejli njuz.
Во исто време, цените во баровите и рестораните се зголемија за 1,3 проценти во споредба со мај и јуни, што е најголемо зголемување на цените од јануари 2017 година.