Вратени над 2.500 луѓе кои тргнале на грчките острови – не им е дозволено да се качат на траект – ММС
ММС

Објавено на: 07/19/21 1:36 PM

Вратени над 2.500 луѓе кои тргнале на грчките острови – не им е дозволено да се качат на траект

Од 16 јули, невакцинираните патници кои се враќаат во континентална Грција мора да покажат негативен тест за PCR или брз тест за да се качат на траект.

На околу 2.500 лица им е забрането да се качуваат на траекти до грчките острови само во последните три дена, бидејќи немале потребна документација, изјави денеска министерот за бродарство и островска политика Јанис Плакиотакис.

Крајбрежната стража била задолжена да провери дали мерките се спроведуваат во пристаништата од 13 јули, поради загриженост дека грчки и странски туристи кои патуваат од и до островот доведуваат до зголемување на инфекција со коронавирус, пишува „Катимерини“, пренесува Танјуг .

Плакиотакис призна дека пред крајбрежната стража да ја преземе должноста на пристанишните власти, проверките биле „несоодветни“.

– Затоа крајбрежната стража ги презеде проверките пред качување – рече тој денес за „OpenTV“.

Грчките власти морале да ги засилат мерките против коронавирусот поради зголемувањето на бројот на нови случаи на некои популарни летни дестинации.

Патниците на островите мора да покажат или потврда за вакцинација против коронавирусот или доказ за прележан Ковид-19 или негативен PCR тест направен во рок од 72 часа од поаѓање или негативен брз тест спроведен 48 часа пред патувањето.

Од 16 јули, невакцинираните патници кои се враќаат во континентална Грција, ќе мораат да прикажат негативен тест или брз тест за да се качат на траектот.

Извор: Телеграф.рс