Ја поврзуваат со еден, а таа излегува со друг? Адел видена со момче по кое лудуваат Американките – ММС
ММС

Објавено на: 07/19/21 11:14 AM

Ја поврзуваат со еден, а таа излегува со друг? Адел видена со момче по кое лудуваат Американките

Токму кога помисливме дека е прашање на време кога британската пејачка ќе признае дека е со познатиот рапер, таа се појави во еден натпревар со друг маж.

Две години се шпекулираше дека пејачката Адел е во врска со британскиот рапер Скепт, инаку поранешното момче на Наоми Кембел, а парот беше виден заедно на шопинг во Калифорнија пред неколку дена.

Токму кога сите помислија дека конечно ќе ја признае својата љубов со раперот, таа ги изненади сите појавувајќи се на јавен настан со друг маж! Станува збор за Рич Пол, најпознатиот агент во НБА и најдобриот пријател на Леброн Џејмс, а со Адел уживаше во кошаркарски натпревар. Иако двајцата не разменуваа нежности, тие цело време разговараа и се смешкаа, покажувајќи дека се заедно.

Во својот подкаст, новинарот Брајан Виндхорст зборуваше за пејачката како девојка на Пол.

„Агентот Рич Пол ја донесе својата девојка на натпревар“, рекол тој и додал: „Неговата девојка е Адел“. Ова е прв пат тие да излезат во јавноста заедно, така што ова ќе ги преплави таблоидите, особено утре во Англија.

Пејачката изгледала волшебно во црна облека и долг мантил, за што модните портали истакнуваат дека потсетува на стилот на Вивиен Вествуд, а носела и црна заштитна маска и многу златен накит.

Рич Пол е многу популарен во светот на спортот и се истакна како исклучителен агент, а неговото богатство се проценува на 100 милиони долари. Само погледнете ја нејзината насмевка!

Извор: Glossy.espreso.co.rs