Актерот и боди-билдер во пензија Арнолд Шварценегер беше фотографиран на улиците на Беверли Хилс, а сите го коментираат неговиот опуштен стајлинг.
„Терминаторот“ тој ден решил да го вози својот бел олдтајмер, а фатен е додека бил на паркингот.
Што се однесува до неговата облека, поранешниот гувернер на Калифорнија се одлучи за интересна комбинација што многумина би ја носеле на одмор.
Носел лесна кошула со мотиви од Хавана, а дизајнот потсетува на многу кошули видени во 90-тите.
Како да сакал тематски да се вклопи со неговата кошула, 73-годишникот држел пура, претпоставуваме кубанска.
Бидејќи е важно да се заштити од сонцето кога се вози во кабриолет, Арнолд ставил сламен шешир на главата, а на нозете имал мокасини.
За потсетување, Шварценегер, кој сега е жесток активист за заштита на животната средина, се врати во неговата родна земја, Австрија, на почетокот на овој месец за да организира самит за климатски промени.
“Треба да ја едуцираме јавноста за опасностите што претстојат. Тоа нема никаква врска со политиката – мора да се ослободиме од загадувањето затоа што тоа убива луѓе”, рекол тој на самитот.
Извор: Б92.нет
Фото: Профимедиа