Вооружен напад во Манчестер: Десет лица повредени – ММС
ММС

Објавено на: 08/12/18 9:13 AM

Вооружен напад во Манчестер: Десет лица повредени

Најмалку десет лица се повредени синоќа при оружен напад во англискиот град Манчесте – пренесува ДПА.

Полицијата пристигнала на местото на инцидентот во квартот Мос Сајд во 02:30 часот по полноќ, по добиена информација за пукотници.

Настраданите, кои биле веднаш хоспитализирани, имаат различен степен на повреди.

Инцидентот се случил неколку часа по завршувањето на Карипскиот карневал, кој се одржувал во квартот.

Други детали за случајот засега не се соопштуваат, а истрагата е во тек.