Документарецот за Цеца симнат од Јутјуб, само три дена по објавата – ММС
ММС

Објавено на: 07/18/21 7:17 PM

Документарецот за Цеца симнат од Јутјуб, само три дена по објавата

Само три дена по емитувањето, симата е од YouTube документарната емисија Српска мајка, која што се занимава со криминалното минато на фолк-пејачката Светлана Ражнатовиќ-Цеца.

Станува збор за осмата епизода од серијалот Хероите на времето на злото, која се емитува на Н1 телевизија, а епизодата каоја на YouTube е објавена веднаш по емитувањето, симната е од оваа платформа, бидејќи според предупредувањето, Цеца го пријавила YouTube поради кршење на авторските права, пренесува Index.hr.

Само за потсетување, оваа епизода од документарниот серијал крена многу прашина во српската јавност но и во целиот регион, и пред и некој да ја види, бидејќи Цеца се потруди да го спречи нејзиното емитување, нејзиниот адвокат поднел барање до редакцијата на Н1 ТВ, а потоа и на Аудио-видео продукцијата ЈСП, емисијата да не се емитува, заканувајќи се со тужба.

Напорите на Цеца да го спречи емитувањето како и медиумското внимание што го предизвика само го зголемија интересот на гледачите, па епизодата на YouTube надмина 200.000 прегледи за само еден ден.

Емисијата не се занимава со музичката кариера на Цеца, туку авторката Јована Полиќ се фокусирала на нејзиното криминално минато,за нејзиниот брак со  Аркан, но и за врската со Земунскиот клан, нејзиното апсење по убиството на тогашниот српски премиер Зоран Џинџиќ, киднапирањето на сопственикот на Пинк ТВ Жељко Митровиќ и финансиските истраги.

dnevnik.ba

foto-nova.rs