Сугестиите и забелешките се вметнати во новиот закон за легализација на дивоградбите , информираше денеска Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Имало и сериозни промени во текстот на законотно не наведе какви. Најави дека во наредните денови ќе биде доставен до Влада.
„Веќе е прикачен на ЕНЕР, очекуваме јавна расправа и после поминување на одреден рок кој е на ЕНЕР, ќе помине на Влада, ќе го предложиме и ако помине ќе го доставиме до Собрание каде очекуваме дополнителни дискусии. Има сериозни промени од првичната верзија и очекувам заеднички да издискутираме да видиме дали сме спремни да им помогнеме на граѓаните, ние сметаме треба да им се помогне.“ изјави Благој Бочварски, министер за транспорт и врски
Минатата недела пратениците дадоа зелено светло да се продолжи рокот и граѓаните на располагање да имаат уште 5 години да ги завршат веќе почнатите процедури и по едно евро квадрат да ги легализираат своите објекти изградени до 2011та година.
Според Бочварски вакви предмети во општините има уште околу 50 илјади.
„Од тоа што имаме ние информација досега се решени 260 илјади предмети низ цела држава, а поднесени до периодот кога можеа да бидат поднесени беа околу 350 илјади, но дел од нив се одбиени, не може да имаме точна бројка колку се останати, но бројка се сигурно околу 40 – 50 илјади што треба да се решаваат низ државата.“ Бочварски.