Две лица се пренесени во болница, откако биле повредени по удар од гром, објави А1он.мк.
Порталот пишува дека градот бил зафатен со силно невреме, а настанот се случил на плажата „Оревче“ во близина на кампот „Градиште“ во Охрид.
Неофицијално, станува збор за две лица од Ресен и Битола кои се пренесени во Медицинскиот центар во Охрид.
Според информациите на порталот, едното лице имало изгореница на ногата, додека пак другото проблеми со слухот.
a1on.mk
фото-ohrid.gov.mk