Во последните 24 часа се направени 3.358 тестирања, а регистрирани се 21 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 13, Тетово – 5, Гостивар, Струмица и Дебар – по 1.
Регистрирани сe 2 оздравени пациенти од: Скопје – 2.
Не се регистрирани починати пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 930.540 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.922, бројката на оздравени пациенти е 150.170, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 265.
Најголем број активни случаи има во Скопје со 99, а по него е Тетово со 83 активни случаи.
Во 16 општини нема ниту еден активен случај.