Две скопјанки се приведени во Кавадарци. осомничени се за неовластено производство и продажба на дрога.
„На 17.07.2021 полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода С.Т.(27) и А.Т.(24), двете од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Имено, по добиена наредба од судија на претходна постапка при Основен суд Кавадарци, извршен е претрес во дом и помошни простории во Кавадарци, каде двете лица престојуваат, при што се пронајдени и одземени таблети „екстази“, марихуана, бела прашкаста материја, дигитална вага,“ информираат од МВР.
Лицата се приведени во ОВР Кавадарци, а по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен пријава по член 215 од Кривичниот законик.