Деветгодишно девојче по име Виктори ги воодушеви судиите на шоуто „Америка има талент“.
Виктори на сцената на шоуто го изведе „Валцерот на Јулија“ од операта „Ромео и Јулија“ и ги остави воодушевени сите присутни во салата. Таа дури успеа да го омекне срцето на строгиот Сајмон Кауел кој одлучи дека девојчето го заслужува златното копче и ги покани сите да ја испратат директно во полуфиналето.
„Ангелски го сторивте тоа“, и ’рече судијата Хови Мандел, а таа ги воодушеви Хајди Клум и Софија Вергара. Публиката стана на нозе по настапот на малата Воктори и ја награди со долг аплауз.
„Мислам дека си неверојатно храбра што си се пријавила“, рече Симон и го покани водителот и другите заедно да го притиснат златното копче за девојчето.
Нејзиниот настап е прегледан над седум милиони пати во рок од три дена.