Изгледно е дека одбраната на вице-шампионот на Англија од сезоната 2021/2021 ќе добие нов изглед. Пишувањата на шпанските и англиските медиуми го водат централниот дефанзивец на Реал Мадрид, Рафаел Варан, директно на „Олд Трафорд“.
Францускиот фудбалер по заминувањето на Серхио Рамос од „Сантијаго Бернабеу“, изрази желба за промена на средината, а Манчестер Јунајтед беше „најзагреан“ за неговите услуги. Оле Гунар Солскјер не беше задоволен од вториот партнер во срцето на одбраната на Хари Мегваер, па во текот на изминатата сезона се обидуваше да изнајде стабилно решение преку ротација на Виктор Линделоф и Ерик Баји.
Англиски „Sky Sports“ пренесува дека Манчестер Јунајтед ги договорил личните услови со четирикратниот освојувач на Лигата на шампионите и светски првак со Франција од 2018 и сега само преостанува да се договори со Реал Мадрид колку ќе изнесува сумата за неговиот трансфер.
Некогашниот младинец на Ленс е подготвен да ја прифати понудата на англискиот гигант и да потпише петгодишен договор.
Фото:
football365.com