Во ноември 2020 година, на дуелот од Премиер Лигата одигран на „Емирати“ помеѓу Арсенал и Волвс, мексиканскиот напаѓач заработи тешка повреда на главата која можеше не само да го оддалечи од фудбалот, туку и да биде кобна за неговиот живот.
Успешната операција малку им внесе позитивност на луѓето од неговиот клуб дека екс-играчот на Атлетико Мадрид и Бенфика еден ден повторно ќе се врати на терените.
И тоа се случи денес, на пријателскиот меч против Кру, кој Волвс го загуби со 1:0. Раул Хименез во дуелот се задржа 34 минути, а потоа беше заменет од италијанскиот шпиц Патрик Кутроне. Мексиканскиот репрезентативец на лесни индивидуални тренинзи се врати уште во март годинава и беше во постојана комуникација со клупските лекари.
Пред две сезони, Хименез беше убедливо најдобриот поединец на „волците“, постигнувајќи 27 погодоци за тимот од „Молињу“.
Фото:
Twitter /@brfootball