„Имаше 13 години да ја спасиш, а ти не направи апсолутно ништо“ – Ја нападнаа мајката на Бритни Спирс – ММС
ММС

Објавено на: 07/17/21 10:42 AM

„Имаше 13 години да ја спасиш, а ти не направи апсолутно ништо“ – Ја нападнаа мајката на Бритни Спирс

Лин Спирс, мајката на пејачката Бритни Спирс се огласи на Инстаграм откако таа повторно беше сослушана на суд.

„Светлината сјае во темнината, а темнината не ја надвладеа“ , напиша Лин откако Бритни по втор пат во еден месец се обрати до судот за да му се укине старателството на нејзиниот татко над неа.

Корисниците кои ја следат пак, веднаш се огласија во коментари порачувајќи и’ дека на својата ќерка таа требала одамна да и помогне.

„Имаше 13 години да ја спасиш, а ти не направи апсолутно ништо“, „Бритни рече дека сакала да го тужи целото семејство, тогаш тоа се однесува и на тебе. Тргни се!“, „Чувствуваш ли вина“, се само дел од коментарите.

Лин не одговори на ниту еден од нив.

 

Извор:      b92.net