Видео: Симпсонови повторно испаднаа „видовити“, го предвидоа патувањето на Бренсон во вселената – ММС
ММС

Објавено на: 07/17/21 8:31 AM

Видео: Симпсонови повторно испаднаа „видовити“, го предвидоа патувањето на Бренсон во вселената

Авторите на „Симпсонови“ како што стојат работите, повторно беа на висина на задачата. Имено, како што пишуваат светските медиуми овој пат, наводно го предвиделе патувањето на милијардерот, Ричард Бренсон во вселената кое се случи на 11-ти јули. Во епизодата со наслов „Војна за уметноста“ од 2014-та година факсификаторот Клаус Циглер со својата работа и’ се фали на Лиза Симпсон тврдејќи дека неговите фалсификати им овозможуваат задоволство на луѓето ширум светот.

Во еден дел од епизодата пак, е прикажано како Ричард Бренсон во внатрешноста на вселенски брод се восхитува на уметничко дело за кое потоа ќе се утврди дека е фалсификат. Инаку, „Симпсонови“ наводно имаат предвидено многу работи меѓу кои и владеењето на Доналд Трамп.

 

https://www.youtube.com/watch?v=_yXBXDLgqmw

 

Извор:    b92.net