Приведено лице од Кочани по кого била распишана потерница – ММС
ММС

Објавено на: 07/16/21 5:42 PM

Приведено лице од Кочани по кого била распишана потерница

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Полициската станица Кочани, во село Чешиново го привеле лицето Б.Ѓ (25) од Кочани, по кого била распишана потерница, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Кочанецот бил осуден на затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“. По приведувањето, Б.Ѓ е спроведен во Затвор-Куманово за доиздржување на казната.