Српските медуми информираат за големо невреме кое ја зафатило речиси цела држава. Град со големина на орев паднал во Ниш и неговата околина. Невремето проследено со град и грмотевици во Ниш почнало околу 17 часот и за помалку од 10 минути централните градски улици биле под вода и мраз.
#Kraljevo grad, ali bas kratko pade. #nevreme pic.twitter.com/m6a1l94wfU
— 🌸ŠAŠAVULJA 🌸 (@sasavulja) July 16, 2021
Невремето проследено со град со големина на јајце и силен ветер погодило делови од општината Рашка. Обилен дожд со град и во Краљево.
Републичкиот хидрометеоролошки институт на Србија издал итно предупредување за обилен дожд, грмежи и град во областа Уб, Обреновац, Сјеница и на потегот од Приштина до Куршумлија, пренесува РТС.


