Дуња и Даела се двете слоници кои се постојани жители на скопската Зоолошка градина. За нив се грижи и посебен тим кој им овозможува да имаа пристоен и задоволен живот.
Денеска од Зоолошката градина соопштија дека на вете дами – слоници им се подготвува педикир.
„И слониците сакаат педикир. Дуња и Даела редовно добиваат третман поради кој полесно и попријатно можат да чекорат. Педикирот е една од најважните работи во одржување нега кај нив, а нашите вработени со задоволство им помагаат на двете дами“, стои во објавата на Фејсбук.
Погледнете од фотографијата како изгледа тоа:
И слониците сакаат педикир 🙂 Дуња и Даела редовно добиваат третман поради кој полесно и попријатно можат да чекорат….
Posted by Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје on Friday, July 16, 2021
Фотографија: Фејсбук Зоолошка градина Скопје