Зградата на РТС денеска е евакуирана поради дојава на бомба.
Како што пишуваат српските медиуми, неофицијално околу 14 часот обезбедувањето наредило на вработените да ги напуштат своите работни места, додека да се утврди дали навистина има бомба во зградата.
Полицијата е на терен.