Сообраќајка во битолско Логоварди, едно лице почина – ММС
ММС

Објавено на: 07/16/21 11:47 AM

Сообраќајка во битолско Логоварди, едно лице почина

Вчера во 07.16 часот на патот Битола-Маково, во с.Логоварди, битолско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од М.А.(34) од Битола и патничко возило „голф“,управувано од С.М.(50) од с.Логоварди, и двете со битолски регистарски ознаки.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.М. и на пат кон болница починал. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.