Вакцината на Модерна во октомври пристигнува во Србија, а на веб страницата eUprava веќе има можност за да се одбере оваа вакцина. Вакцинацијата против ковид во Србија официјално почнана 24-ти декември ланската година. Граѓаните на Србија досега можеа да бидат меѓу вакцините на Фајзер, Спутник В, Синофарм, АстраЗенека, а сега и на Модерна.
Според најавите, вакцината на оваа компанија во Србија ќе стигне во последниот квартал од оваа година – потврди претседателот на државата, Александар Вучиќ.
„Наскоро ќе ја имаме и петтата вакцина. Ја набавивме и Модерна и таа ни стигнува во октомври. Наскоро ќе излеземе и со првата серија вакцини – компонента , произведени од над“, додаде тој.
Една од студиите покажа дека ефикасноста на вакцината на Модерна е 96 проценти, генерално добро се поднесува а досега не е воочено ништо сериозно што би отворило прашања околу сигурноста на вакцината – соопштија од фирмата. Оваа вакцина веќе се користи во ЕУ за лицата постари од 18 години.
Извор: b92.net