Познато е дека Александра Пријовиќ и Анастасија Ражнатовиќ приватно се дружат, а сега на социјалната мрежа Инстаграм „се појави“ и заедничко видео.
Анастасија Ражнатовиќ објави видео со Пријовиќ, а двете се облекоа во минијатурни бикини и очила.
Прија веќе неколку дена ужива на море, а и се придружи и ќерката на Цеца. Судејќи според видеото, нема сомнеж дека добро ќе се забавуваат.
Живојиновиќ го прославија вториот роденден на малиот Александар во март, а пејачката неодамна истакна дека сеуште не планира друго дете.
“Сè уште не планирам второ бебе. Кога ќе се случи, тоа ќе се случи. Би сакала да имам најмалку 2 деца, па кога биде, нека биде. Не планиравме ниту за првото дете, се случи”, била јасна Александра.
Извор: Курир.рс