Поранешниот македонски репрезентативец и соиграч на Горан Пандев од почетоците на кариерата, Ацо Стојков потпиша едногодишен договор со Академија Пандев – соопштија од клубот доцна синоќа.
Од клубот сметаат дека со доаѓањето на Стојков значајно ќе се засили нападот и ќе се добие потребното искуство на најмладиот тим во Првата македонска фудбалска лига.
Поранешниот репрезентативец, досега има настапувано за Интер, Специја, Партизан, Арау, Дебрецин, Вардар, Работнички и други клубови.