Овојпат е навистина крај: Aрјен Робен официјално заминува во пензија – ММС
ММС

Објавено на: 07/15/21 2:00 PM

Овојпат е навистина крај: Aрјен Робен официјално заминува во пензија

Откако минатата сезона се врати од пензија во екипата на Гронинген и реши уште еднаш да ги израдува фановите ширум Холандија и Европа, Арјен Робен овојпат и официјално стави крај на својата професионална кариера.

Некогашниот фудбалер на Челзи, Реал Мадрид и Баерн Минхен, повторно се повлече од играњето фудбал и со сигурност замина во заслужена пензија.

-Моето фудбалско срце сакаше да продолжи, но одлуката да ја прекинам кариерата е праведна и исправна. Од денес повеќе не сум фудбалер, но останувам голем навивач на Гронинген, напиша Робен на социјалните мрежи.

Брзоногото десно крило за кое „сите знаеја кој е неговиот следен потег“, но никогаш не успеаа да го запрат, од ПСВ премина во Челзи во 2004 година, периодот на револуцијата на Челзи во Англија и доаѓањето на Жозе Мурињо на нивното кормило. Таму се задржа три сезони, пред да потпише со Реал Мадрид, каде што остана две години. Најголемиот дел од кариерата Робен го помина на „Алијанц Арена“, освојувајќи ја Лигата на шампионите во 2013 година.

Во своето богато си-ви, „летечкиот Холанѓанец“ има забележано осум лигашки титули со Баерн, две титули во Премиер Лигата со Челзи, една титула со Реал Мадрид во Примера и една титула со Баварците во Лигата на шампионите.

 

 

Фото:

skysports.com