Сладоледот од лубеница е нешто ново и поразлично што дефинитивно треба да го пробате.
Многу е лесно да се направи, така што ќе ви требаат само неколку минути за целиот процес.
зрела лубеница 1 кг
100 гр кафеав шеќер
3 лажици исцеден сок од портокал
Подготовка
Излупете ја лубеницаа изрендајте ја и исечете ја на коцки. Додадете го шеќерот и сокот, и измешајте сè добро со мешалка додека не добиете кремаста маса.
Шербетот од лубеница ставете го во садови за сладолед и чувајте ги во замрзнувач неколку часа за убаво да замрзнат.