Јаник Грин ќе ја чува мрежата на ПСЖ – ММС
ММС

Објавено на: 07/15/21 12:27 PM

Јаник Грин ќе ја чува мрежата на ПСЖ

Данскиот репрезентативен голман, Јаник Грин, од 2022 година ќе ја чува мрежата на ракометниот клуб Париз Сен Жермен, објавија денес Французите.

Актуелниот играч на Магдебург нема веднаш да ја промени средината и од јули следната година ќе застане помеѓу стативите на ПСЖ. И повеќе од солидната замена во Данска за Никола Ландин, со парижаните потпиша двегодишен договор.

-Горд сум што ќе испишам ново поглавје во мојата кариера во Париз. Приклучувањето кон клуб со ваква репутација претставува огромна чест за мене. Париз Сен Жермен е еден од најдобрите тимови во ветот. Одвај чекам да се соочам со овој предизвик и да се придружам на соиграчите, изјави Грин за клупскиот сајт.

Грин во 2014 направи трансфер во Магебург и оттогаш е главна фигура кај еден од најдобрите германски клубови. Во ПСЖ друштво ќе му прават и неговите колеги од данската селекција, Хенрик Тофт Хансен и Микел Хансен. Со Данска, искусниот голман во 2016 година го освои златото на Олимпијадата, додека пак во 2019 година ја освои светската титула.

 

 

Фото:

en.psg.fr