Не престануваат препукувањата меѓу ДУИ и актуелната општинска власт во Гостивар – ММС
ММС

Објавено на: 08/10/18 2:32 PM

Не престануваат препукувањата меѓу ДУИ и актуелната општинска власт во Гостивар

Не престануваат препукувањата меѓу ДУИ и актиелната општинска власт во Гостивар. Овој пат тема за препирка им беше урбанизмот.

Гостиварскиот органок на ДУИ ја обвини гостиварската општинска власт на чело со Таравари, дека создава урбанистички хаос, а роднини на првите луѓе на општината, градат дивоградби низ градот. Таравари ги отфрли сите обвинувања, посочувајќи дека општината не издала ниту една дозвола за градба, која е во спротивно на законот.

Тој посочи дека не локалната самоуправа, туку ДУИ и СДСМ го кочат равојот на Општина Гостивар, а како пример го наведе неизгласувањето на извештајот јавното претпријатие Комуналец од страна на управнот одбор, со што се блокирала работата на претпријатието.

Минатата недела гостиварскиот огранок на ДУИ и локалната власт, се обвинуваа за јавните тендери на општината.