Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер го лишиле од слобода 69-годишниот Ќ.Е од тетовското село Доброште, поради постоење основи на сомнение за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Полицијата при претрес во домот и помошните простории на Ќ.Е во Доброште, пронашла и одзела кокаин, марихуана, таблети екстази и дигитална вага.
Лицето е приведено и задржано во Полициска станица Тетово за документирање на случајот, по што денес со соодветен поднесок од Кривичниот законик ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово.