Нутриционистите откриваат дека доматите и краставиците никогаш не одат заедно. Нивната комбинација го „убива“ најважниот витамин.
Насекаде во светот, салатата од домати и краставици е една од најпопуларните, но малкумина знаат дека оваа комбинација воопшто не се препорачува. Нивната комбинација го „убива“ најважниот витамин.
Секој знае дека некои намирници не треба да се комбинираат затоа што го отежнуваат варењето, влијаат на дебелината или едноставно претставуваат лошо соединение бидејќи апсорпцијата на хранливи материи од еден вид храна ги исфрла хранливите материи од друга.
Слична работа се случува со најомилената комбинација на зеленчук за салати, која не само кај нас, туку и низ целиот свет, сите ги јадат заедно – домати и краставици.
Нутриционистите споделија откритие дека комбинацијата на нашиот омилен зеленчук за салата е доста проблематична.
Индивидуално, за овие намирници ќе ве советуваат сите нутриционисти, ако се грижите да се храните здраво и да внимавате на линијата. И двата вида зеленчук се исклучително здрави, имаат многу корисни состојки – краставицата е храна број еден кога станува збор за диета, а доматите се полни со витамин Ц.
Сепак, комбинацијата на краставици и домати во еден оброк доведува до уништување на витамин Ц, па затоа се препорачува секогаш да ги јадете одделно.
Извор: Svetplus.com