Разрешени тројца судии и поранешниот претседател на Апелационен суд во Штип – ММС
ММС

Објавено на: 07/14/21 7:00 PM

Разрешени тројца судии и поранешниот претседател на Апелационен суд во Штип

Денеска Судскиот совет разреши тројца судии поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција. Разрешен е судијата Горан Бошевски, кој намерно застарувал судски предмети. Исто така, разрешен е и судијата на Врховен суд, Стојанче Рибарев.

Разрешени се и поранешниот претседател на Апелацискиот суд во Штип, Зоранчо Мицевски и Сузана Здравева, судијка во Апелацискиот суд, исто така, во Штип.

За Здравева е познато дека не се изземала за случај во Клиничкиот центар во Штип, бидејќи адвокатската канцеларија каде што работи нејзиниот син, застапувала една од странките во процесот.

Извор: Civilmedia.mk