Како изгледа куќата на Лепа Брена во Мајами вредна речиси милион долари – ММС
ММС

Објавено на: 07/14/21 5:40 PM

Како изгледа куќата на Лепа Брена во Мајами вредна речиси милион долари

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ со години поседуваат куќа во Мајами, а освен само неколку фотографии од внатре, луѓето немаа прилика да видат како всушност изгледа овој имот.

Се работи за куќа која е изградена во 1950 година, во типичен американски стил.

Има двор со базен далеку помал од оној што го имаат Живојиновиќ во вилата на Бежанијска коса, во Белград.

Една официјална страница за недвижнини пишува дека оваа вила е продадена во јули 2010 година за 950.525 долари или 806.706 евра.

На истата страница, пишува дека куќата има површина од 222,96 квадратни метри, и дека има две бањи.

Покрај недвижнините во Мајами и Белград, Брена и Боба наводно имаат и стан во Монте Карлo.

За потсетување, кошаркарот Марко Јариќ еднаш објави фотографија од вилата во Мајами.

Тој позираше во кујната со Боба, Харис Џиновиќ и пријателите, а потоа стави во описот:

– Поздрав од кујната на Боба со песните на Харис.

Погледнете како изгледа куќата на Брена и Боба во Мајами:

Извор: Телеграф.рс

Фото: Miami MLS