„Спонзориран текст“
Известување за клиентите за работното време на експозитурите и прекини во дигиталните производи на Банката планирани за претстојниот викенд од 16.07.-19.07.2021г., а како резултат на финални технички подготовки и надградби неопходни за присоединувањето на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.
Прекините се планирани како што следи:
- Експозитури
- На ден 16.07.2021 година (петок), експозитурите на Охридска банка и Шпаркасе Банка Македонија ќе работат со скратено работно време, од 08:00 до 12:00 часот.
- 07.2021 година (сабота) ќе биде неработен ден за експозитурите на Охридска банка и Шпаркасе Банка Македонија.
- На ден 19.07.2021 година (понеделник), експозитурите на интегрираната Шпаркасе Банка Македонија регуларно ќе започнат со работа од 08:00 до 16:00 часот.
- Прва работна сабота на интегрираната Шпаркасе Банка Македонија ќе биде на 07.2021г.
- Картички, ПОС терминали, АТМ-и
- Ќе функционираат непречено, во наведениот период; Краткотраен прекин не подолг од еден (1) час се очекува само во работењето со картичките на ден 17.07.2021 (сабота), рано наутро, по полноќ од 02:00-03:00 часот.
- Дигитални канали (Електронско банкарство, Мобилно банкарство, СМС известување)
- На 16.07.2021 година (петок) во рамките на електронското и мобилното банкарство од 14:00 – 17:00 часот ќе биде достапен преглед на состојба на сметките, додека услугите на промет во земјата и странство ќе бидат во прекин.
- Целосен прекин кај овие апликации се очекува во период од 16.07.2021 година (петок), 17:00 часот и во текот на викендот, заклучно со 18.07.2021 година (недела).
- Банката ќе даде дополнително известување кога повторно ќе бидат ставени сите апликации во функција.
Целниот датум на регистрација на присоединувањето во Централниот регистар е планиран за 16 јули 2021 година, а првиот работен ден како интегрирана банка е планиран за 19 јули 2021 година. Сепак, двата датуми се во голема мера зависни од одобрување од надлежните органи и институции и Банката не нуди никаква правна, материјална или кој било друг вид гаранција дека планираниот датум останува како датум на регистрација на присоединувањето и последователно датум на првиот работен ден на интегрираната банка. Банката дополнително и навремено ќе извести доколку се појави промена на наведениот целен датум на присоединување.
Сите подетални информации за можни прекини погледнете ги на https://bit.ly/3r9UvkH