Се реализира финалната фаза од проектот за заштита на крстилницата од Епископската базилика во Стоби.

Проектот е финансиран со грант од Амбасадорскиот фонд на САД за заштита на културното наследство во Р. Македонија.

Сите конзерваторско – реставраторски активности на крстилницата од Епископската базилика во Стоби, која повторно ќе го добие оригиналниот изглед од 6 век, треба да завршат до крајот на следниот месец.


