Коалицијата „Маргини“ информираше за директна дискриминација врз основа на родов идентитет сторена врз транссексуална жена, која пазарела во аптека, а утврди вчера Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД).
Тие велат дека дискриминацијата е сторена преку барање на специјалистички извештај за добивање на лек и покрај уредно приложени рецепти, читање на глас на лични податоци пред трети лица и вребално вознемирување од страна на апотекарката. А согласно „Правилникот за поблиските услови за начинот на пропишување и издавање или продавање на лекови“, лекот се издава со рецепта и затоа апотекарот нема право да го условува издавањето на лекови со доставување на специјалистички извештај.
-КСЗД препорача на аптеката „Виола“ во иднина да им обезбеди непречен пристап до добра и услуги на сите трансродови лица и да спроведе обука за подигање на свеста и сензибилизација на своите вработени за работа со маргинализирани категории на граѓани, вклучително и со трансродови лица, информираат од таму.
Коалицијата „Маргини“ за овој случај се обратила и до Фондот за здравствено осигурување и Агенцијата за лекови, кои и прокрај забраната за дискриминација во законите од областа на здравството се прогласиле за ненадлежни. Потоа случајот бил пријавен и во Државниот здравствен и санитарен инспекторат, кој, пак, никогаш не доставил одговор.
-Жалбата до Фармацевстката комора беше отфрлена како неуредна бидејќи не можевме да го дознеме името и презимето на апотекарката, сторителка на повредата и покрај објаснувањето дека тоа не е возможно. Со тоа, Фармацевстката комора го префрли товарот на докажување на сторителот, аптеката „Виола“, која единствено може да го знае идентитетот на аптекарката, застанувајќи на страна на сторителите на дискриминација, велат од „Маргини“и додаваат: .
-Бараме КСЗД да го следи спроведувањето на препораката и дополнително да пропише рок за нејзино спроведување. Доколку сторителот не ја спроведе препораката во разумен рок, бараме КСЗД да покрене прекршочна постапка против аптеката, велат од коалицијата.
Трансродовите луѓе често се сретнуваат со дискриминација во пристапот до добра и услуги, особено во здравството. Од една страна, здравствените услуги не се прилагодени на потребите на оваа група, а од друга страна, здравствените работници често ги навредуваат и стигматизираат трансродовите луѓе.
-Бараме Министерството за здравство да ја унапреди законската рамка од аспект на дискриминација, да ги зајакне капацитетите на институциите за заштита на човековите права, правата на пациенти и недискриминацијата, како и да даде јасни насоки на институциите за постапување во случаи на дискриминација согласно стандардите во областа, .