Недела во знакот на иселениците во Македонска Каменица – ММС
ММС

Објавено на: 08/10/18 2:07 PM

Недела во знакот на иселениците во Македонска Каменица

Во недела во живописното каменичко село Цера, се очекува да  се соберат над 1500 македонски иселеници, главно од европските земји, во рамките на „Денот на дијаспората“. Манастирскиот – туристички комплекс „Еленец“ традционално , секоја година во август, ги обединува иселениците, нивните здруженија, претставниците на централната и локалната власт. На оваа средба, во  официјалниот дел ќе бидат презентирани можностите за инвестиции во Македонска Каменица, можностите за подобрување и продлабочување на соработката со македонските иселеници, но и за збратимување со европски градови во кои живеат поголем број Македонци, најавуваат од Општината Македонска Каменица, која е домаќин на настанот.
Програмата започнува во зградата на Општината Македонска Каменица каде министерот без ресор, задолжен за дијаспората Едмонд Адеми,  заедно со градоначалничката Соња Стаменкова, ќе ја отвори канцеларијата која ќе работи со иселениците. Потоа настаните се селат во селото Цера, каде пред иселениците ќе бидат претставени поволностите и можностите за инвестирање, а Општината својата програма за привлекување на инвестиции од дијаспората.
Најавено е присуството на високи владини претставници и градоначалниците од Источно планскиот регион. Овен министерот Адеми, на Денот на дијаспората ќе присуствуваат и министерката Зорица Апостолска, задолжена за привлекување странски инвестиции, како и претставници на министерствата за економија, образование и наука и за локална самоуправа.
Иселеници од Општината